Психоаналитички семинар
Кога: ноември 2021 година – јуни 2022 година (зимски и пролетен семестар)
Каде: Онлајн – Зум
Науката и технологијата имаат големо влијание врз нашиот живот. Прашањата за симптомите што се поврзани со довербата во науката и развојот на технологијата, особено за време на пандемија, се соочуваат со нови предизвици.
Во исто време, дискурсот на науката е еден од главните предизвикувачи на симптоматологијата на 21 век. Вештачкото оплодување денес отвора нови прашања за родителството. Интернетот како фигура на Големиот Друг воспоставува нови начини на задоволство, љубовни врски, знаење и разбирање на себеси.
Покрај тоа, ефектите од науката се од клучно значење за општествено-политичкиот простор. Дали паранојата во светот на контрола е делириум или реалност? Какви последици има индустријализацијата за симптомите на работното место? На каков начин денес дејствуваат политиките за исклучување на субјективноста? Каде се хоризонтите на психофармакологијата и каде почнува единствениот збор што можеме да го слушаме во психоанализата?
Целиот семинар врз основа на темелниот преглед на односот меѓу психоанализата и науката, во центарот ќе ги постави симптомите на таканаречената „техно-ера“. Прашањето за науката, која веќе историски ја преставува една од главните психоаналитички теми, ќе биде претставено преку прегледот на главните концепти од Фројдовиот саеитизам до Лакановите екскурзии во областа на формализацијата. Во центар е прашањето: како во светот, кој се стреми кон универзализација, да се задржи единственоста, која како во подемите, така и во падовите на културата ја обележува кревкоста на она што значи да се биде предмет на несвесното.
Семинарот вклучува: теорија на психоанализа, применета психоанализа, презентации на клинички случаи
ТЕОРЕТСКИ ДЕЛ:
- Односи меѓу психоанализата, невронауката, когнитивизмот и научната психологија
- Наука и политичка моќ: Трансхуманизмот и биологизмот денес
- Историски преглед од Фројдовиот саентизам до Лакановата математичка формализација на психоанализата
- Дали постои наука за несвесното? – Главните епистемолошки прашања на клиничките пристапи денес
- Предметот на психоанализата е предмет на науката
- Желбата за знаење во различни облици на општествената врска
- Науката во логиката на целото и нецелото: позитивизам, квантна физика и место на субјектот
- Религијата во светот на науката
- Биоетика наспроти етика на реалното
- Реално во 21 век – наука меѓу смислата и несмислата
ПРИМЕНЕТА ПСИХОАНАЛИЗА И ПРЕЗЕНТАЦИИ НА КЛИНИЧКИ СЛУЧАИ:
- Оплодување со био-медицинска помош – мајчинство, татковство и раѓање во перспектива на вештачкото оплодување
- Задоволство од виртуелниот простор (сексуалност, порнографија и запознавање преку апликации)
- Феноменот „селфи“ и претставување на животните стилови на социјалните мрежи
- Симптоми на пазарот за психофармакологија
- Психосоматски заболувања на работното место – последици од технологијата и индустријализацијата
- Пандемија и не/доверба во науката: паника, вознемиреност, параноја, страв и ризик
- Онлајн-психоанализа – како влијаат онлајн-сесиите врз клиничкиот процес?
Главни теми на семинарот: желба, несвесно, сексуалност, симптом, субјект, идеологија
Семинарот е наменет за:
- Експертите од клиничките области, кои сакаат да добијат дополнителни знаења за својата работа (психолози, психотерапевти, психијатри, социјални работници, педагози и андрагоги…)
- Академици, кои сакаат да стекнат знаење за својата истражувачка работа и да развијат критичко размислување (општествени и природни науки)
- Студенти во процес на психоаналитичка формација
- Сите што ги интересира темата на семинарот
Пријавата на семинарот се потврдува врз основа на мотивациско писмо и прелиминарен разговор.
За да присуствувате на семинарот не е потребно претходно знаење, бидејќи темите се претставени на систематски начин, кој ги допира прашањата на секој учесник.
Гости на семинарот: психоаналитичари од Франција, Шпанија и од Јужна Америка
Рок за пријавување: 31. октомври
Почеток: недела, 7 ноември
Датуми: 28 ноември, 19 декември, 9 јануари, 30 јануари, 20 февруари, 13 март, 3 април, 23 април, 22 мај, 11 јуни
Семинарот ќе се одвива на српски јазик.
Снимките од предавањата им се достапни на учесниците во е-училницата и вклучуваат дополнителни препораки за читање, фотографии, графикони итн.
Учесниците на крајот добиваат сертификат за успешно завршен семинар со назнака за стекнатите знаења и вештини.
ЦЕНА:
- 800 евра
- 20% попуст за пријави до 20 септември: 640 евра
- За учесници на претходни семинари и SDLP настани: 520 евра
Можност за плаќање на 5 месечни рати без камата.
Можности за плаќање:
- Visa, Maestro, Master Card, American Express, UnionPay
- PayPal
- На трансакциска сметка